Top Sport

Трејд на релација Барса-Челси, Обамејанг се враќа во Лондон

Челси и Барселона, до крајот на денот, ќе си разменат фудбалери. Маркос Алонсо ќе се пресели на „Ноу Камп“, а во спротивен правец ќе замине Пјер-Емерик Обамејанг.

Италијанскиот инсајдер за трансфери, стручњак за трансфери Џанлука Ди Марцио, договорт е постигнат и ќе биде реалзиран.

Алонсо е подготвен да се врати во Ла Лига, каде што нема играно од 2010 година Шпанскиот дефанзивец кариерата ја започна во Реал, но никогаш не доби вистинска шанса, последните 12 години ги помина играјќи во Англија и Италија.
Од друга страна, Обамејанг по нешто повеќе од шест месеци се враќа во Премиер лигата. Напаѓачот играше за Арсенал од 2018 до јануари 2022 година, а сега по краткиот престој во Барселона се враќа во англиската престолнина.

Scroll to Top