Легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина се повлече од позицијата главен за судиите во Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради „лични причини“.
58-годишниот Колина, кој многумина го сметаат за еден од најдобрите судии во историјата на фудбалот, својот квалитет го покажа во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година и во финалето на Светското првенство во 2002 година.
Collina ha sido reemplazado por Roberot Rosetti como jefe del arbitraje en #UEFA pic.twitter.com/zRVyiFMC4Z
— Elmer Polanco (@PolancoESA) August 1, 2018
Меѓутоа, неговото „владеење“ како одговорен човек за судиите не помина толку легендарно, а минатата сезона посебно беше на удар во неговата татковина по контроверзниот финиш на четврт-финалето на Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.
Претседателот на Јувентус Андреа Ањели директно го нападна Колина дека е виновен за делегирањето на англискиот судија Мајкл Оливер, кој досуди пенал за Реал во последните минути од реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, и по кој Реал намали на 1:3 и одеше понатаму.
На негово место доаѓа уште еден италијански арбитар – поранешниот судија од Серија А, Роберто Росети. Росети беше одговорен за ВАР-проектот на видео помош за судиите на Светското првенство во Русија, кое според генералната оценка помина добро, иако имаше неколку сомнителни ситуации.