Шпанскиот фудбалер Хектор Белерин е нов играч на Барселона, соопшти каталонскиот клуб. Десниот бек претходно ја раскина соработката со Арсенал, а во Барселона ќе игра до јуни 2023 година.
Белерин (27) ќе го замени Сержињо Дест, кој пред два дена се пресели на позајмица во Милан до крајот на сезоната.
По настапот во помладите категории на Барселона, Белерин се пресели во Арсенал во 2011 година.
Тој двапати беше позајмен во Ватфорд и минатата сезона во Бетис, со кој го освои Купот на Кралот.
За шпанската репрезентација има одиграно четири натпревари.