Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, не крие дека не е задоволен како клубот работел во текот на преодниот рок.
„Ова не е тимот што сакав да го имам. Затоа морам да се адаптирам и да ги изберам најдобрите играчи што ги имам. Имаме широк состав, клубот требаше некого да продаде. Не си правам услуга со тоа што задржувам некои фудбалери, бидејќи секогаш кога некој од нив нема да добие шанса да игра, настанува хаос“, изјави Гасперини за италијанските медиуми.
На крајот, среќен е што преодниот рок завршил.
„Мило ми е што трансфер периодот заврши. Барем сега знам како ми изгледа тимот, сега знам со кои играчи ќе работам . Некои момци, како Бога, Меле и Хатебур, го поминаа вчерашниот ден го поминаа со телефоните во раце, очекуваа дека ќе заминат од Аталанта“, изјави Гасперини.
И покрај проблемите кои ги издвои Гасперини, Аталанта добро влезе во сезоната. Во првите четири кола освои 10 бодови и заедно со Рома се наоѓа на челната позиција во Серија А.
Синоќа, Аталанта со 3:1 го победи Торино.