Иако дел од навивачите на Ливерпул не беа пресреќни од одлуката клубот да го донесе Артур Мело од Јувентус по неговите потпросечни настапи во Јуве и во Барселона, Јирген Клоп признава дека талентот на Бразилецот не се покажал во Италија, но дека Ливерпул играат „поинаков фудбал од Јуве“.
Ливерпул платија 4.5 милиони евра за позајмицата на 26-годишниот Артур, а имаат и опција да го направат трансферот постојан за 37.5 милиони фунти. Тој одигра само 63 меча за Јувентус со 1 гол и 1 асистенција.
„Се надевам дека ќе може да дебитира против Наполи во Лигата на шампионите. Задоволен сум од трансферот. Што носи тој за тимот? Прво, тој е многу добар фудбалер, тука мораме да се разбереме. Со многу возбудлива кариера и релативно млад. Има ритам, знае да додава, брз е со топката и тоа ми се допаѓа. Знам дека во Јувентус не функционираа работите. Но, потенцијалот е тука. Ние играме поинаку од Јуве и мислам дека добро ќе се вклопи“, вели Клоп.