Top Sport

Конте: На Тотенхем му се потребни уште три преодни рока да бидат ривали за титулата

Антонио Конте вели дека Тотенхем завршиле најдобра работа што можеле во преодниот рок, но дека уште се далеку зад најсилните клубови во Премиерлигата, посочувајќи дека ќе се потребни барем уште три преодни рока за да се изгради тим кој може да се бори за титулата.

Тотенхем донесоа седум фудбалери на почетокот на продниот рок, инвестирајќи големи пари во Ришарлисон од Евертон и Ив Бисума од Брајтон, по што се решија на помлади фудбалери, како Дестини Удоџи од Удинезе (кој беше вратен на позајмица во Италија) и Џед Спенс. Претходно во тимот пристигнаа Иван Перишиќ и Фрејзер Форстер како слободни играчи и Клемен Ленгле н позајмица.

„Ако потпишете со фудбалер кој чини 80 милиони фунти имате предност, бидејќи тоа значи дека носите врвен фубалер. Ако можете да донесете некого бесплатно или на позајмица, тоа е друга ситуација. Направивме што можевме, имавме добар пазар, но да бидам искрен уште сме далеку од врвните тимови и ова е само почетокот на процесот. Големи пари потрошивме само на Ришарлисон и Бисума, другите се инвестиција за иднината. За да се бориме за титулата и да имаме постојано место во Лигата на шампиони, потребни ни се барем уште три преодни рокови. Мораме да бидеме реални бидејќи има клубови кои инвестираата многу“, вели Конте.

Scroll to Top