Поранешниот германски тенисер, Томи Хас верува дека Рафаел Надал можел да биде и фудбалска ѕвезда доколку не му одело во тенисот.
Во интервју за „Тениснет“, Хас, кој се повлече од спортот минатата година, беше запрашан дали Надал би можел да игра фудбал во втората лига.
„Дури мислам дека би можел и во првата лига. Гледајте го неготово семејство – неговиот чичко Мигуел Анхел Надал играше за Барселона. Се работи за неверојатен спортист кој ќе имаше успех каде и да почне“, вели Хас.
32-годишниот освојувач на 17 гренд слем титули, како дете играл и фудбал и тенис, пред неговиот друг чичко, Тони Надал да реши тој да се посвети на тенисот. Надал, за разлика од чичкото Мигуел Анхел и повеќето жители на Мајорка, не е навивач на Барселона, туку на кралскиот клуб, Реал Мадрид. Токму Реал го загуби Кристијано Роналдо и Хас имаше интересна споредба со Надал.
„Тоа што го направи Роналдо минатата година со трета титула од ЛШ е неверојатно. Меси е неверојатен талент, но во мојот тим јас би го сакал Роналдо. Неговото однесување на теренот? Секој се однесува како што мисли дека е подобро. Дури и Рафа Надал, некој може да не му се допаѓа неговото однесување, но тоа не значи дека не игра фантастичен тенис“, вели Хас.