Top Sport

Јувентус избегна пораз во Фиренца

Јувентус избегна пораз на „Артемио Франки“ во Фиренца. Првиот дуел од 5.коло Фиорентина-Јувентус заврши 1:1.

Навивачите на Фиорентина го чекаа Душан Влаховиќ во првиот тим на Јувентус, меѓутоа Масимилијано Алегри не им ја исполни желбата. Српскиот напаѓач остана на клупата за резерви.

Наводно Алегри го одморал Влаховиќ за пресметката со ПСЖ во Лигата на шампионите.

Замената за Влаховиќ, Аркадијуш Милик го постигна голот за Јувентус во деветтата минута. Израмни 20 минути подоцна Куаме.

Во 45.минута Јовиќ од пенал ја погоди стативата.

Вториот дел мина во целосна доминација на играчите на Фиорентина, но без конкретна закана кон голот на Јувентус.

Scroll to Top