Британскиот тенисер Енди Мареј проговори за себе, но и Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Триесет и петгодишниот Мареј беше поразен во третото коло на Ју-ес опен од Матео Беретини со 3-1 во сетови.
По мечот зборуваше за враќањето на тенискиот врв и колку му било тешко поради тешките повреди и вештачкиот колк.
Трикратниот гренд слем шампион и освојуваш на олимписко злато, некогаш беше број 1, ток се потсети и на периодот кога многумина го поистоветуваа со „големата тројка“.
„Многу работи се исти, не можам да се движам како пред пет, шест години. Мислам дека тоа е сосема очигледно и дека никој не го очекува тоа од мене. Ако ги погледнете Надал и Ѓоковиќ, кои се на иста возраст, тие денес се движат низ теренот речиси исто како пред пет-шест години, додека јас сум очигледно полош во тоа“, рече Мареј.
Ова беше прв пат по 2016 година, Мареј да стигне до третото коло на Ју-ес опен.
„Сето тоа влијае на начинот на кој ги играте поените. Можеби не трчате по толку многу топки како порано. Можеби вашиот опсег не е ист како порано. Но, што се однесува до моќта и други работи, ништо не ме спречува да играм како порано“, подвлече шкотскиот спортист.