Top Sport

Астон Вила освои бод против Манчестер сити

Фудбалерите на Астон Вила и Манчестер Сити ремизираа 1:1 (0:0) во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лига.

Актуелните шампиони повторно кикснаа на гостински терен, овојпат на „Вила парк“ иако водеа од 50. минута.

Стрелец на голот беше Ерлинг Халанд на додавање на Кевин де Брујн. Норвежанецот го постигна десеттиот гол во сезоната.

Сепак, една добра акција и гол не беа доволни на избраниците на Пеп Гвардиола.

Во 74. минута Леон Бејли со ефектен гол го израмни и го постави конечниот резултат.

Сити по шест кола има 14 бода и со Тотенхем го дели второто место. Лидер е Арсенал со 15 бода и натпревари помалку. За Астон Вила овој бод беше четврти во сезоната.

Scroll to Top