Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт го победија Лајпциг со 4:0 во 5. коло од германската Бундес лига.
Стрелци за Ајнтрахт беа Даичи Камада во 16., Себастијан Роде во 22. Тута во 67. и Рафаел Боре од пенал во 84. минута.
Ајнтрахт ја забележа втората победа во шампионатот и со осум бода ја зазема деветтата позиција, додека Лајпциг е на 11. место со пет бодови.
Во следното коло Ајнтрахт повторно ќе биде домаќин и тоа против Волфсбург, додека Лајпциг ќе ја пречека Борусија Дортмунд.