Алф-Инге Халанд, таткото на ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд во новиот документарен филм „Халанд: Изборот“, открива зошто неговиот син се решил за трансфер во неговиот поранешен клуб наместо да прифати да игра за Реал Мадрид.
22-годишниот Халанд стартуваше со 10 гола во само шест лигашки меча за Сити, но и покрај врските со премиерлигашот, пред неговиот трансфер од Барселона за него беа заинтересирани многу клубови, вклучувајќи ги и „кралевите“ на Карло Анчелоти.
„Имавме јасен критериум – кому му е потребен број 9? На Сити имаше 10/10 на ова ниво и затоа беше совршена опција. Реал? Им дадовме пет или шест од 10 поради начинот на кој игра во моментов Карим Бензема. Исто така не беше јасно дали ќе го донесат и Килијан Мбапе“, вели Халанд Сениор.
На крајот, Реал Мадрид не потпишаа ниту со Мбапе, кој се обврза на Пари Сен-Жермен.