Top Sport

Арсенал имал неуспешен обид да го купи Феран Торес од Барса

Барселона одбиле доцна понуда од Арсенал за Феран Торес, откако тренерот Чави Ернандез инсистирал дека шпанскиот напаѓач му е потребен на „Ноу Камп“ и покрај пристигнувањата на Роберт Левандовски и Рафиња, тврди шпанскиот весник „Ел насионал“.

22-годишниот Торес се пресели во Барселона од Манчестер сити во 2021 за 47.5 милиони фунти, по што лани имаше 18 настапи, но оваа сезона има само еден настап како стартер, додека за шпанската репрезентација веќе има 13 гола во 28 меча.

Според весникот, претседателот Жоан Лапорта бил подготвен да ја прифати понудата од 30-тина милиони фунти, но Чави успеа да го убеди дека тој му е потребен во тимот.

Scroll to Top