Top Sport

Скандал: Коркмаз се степал со тројца – Турција се заканува со напуштање на Евробаскетот

Грузија во тензичен меч, по две продолженија, ја победи Турција со 88:83, во третото коло на Европското првенство во кошарка.

Дуелот го обележа инцидентот помеѓу Коркмаз и Санадзе (двајцата беа исклучени) и исклучувањето на турскиот селектор Ергин Атаман, во последните секунди од второто продолжение.

Сепак овој тензичен меч имал и трето продолжение. Коркмаз, кој беше дел од пресметката на теренот, по мечот наводно бил физички нападнат во соблекувалната.

Ова го откри селекторот на Турција, Атаман, а што да каже имал и потпретседателот на Кошаркарскиот сојуз на Турција, Омар Онан.

„Доколку не се прикажат снимките од безбедносните камери, ќе го напуштиме овој турнир“, изјави Онан.

Турците тврдат дека по завршувањето на натпреварот настанала тепачка меѓу Коркмаз и тројца неименувани грузиски репрезентативци.

„Додека Коркмаз одеше во соблекувалната со нашиот тренер, грузиските играчи кои не беа во активниот ростер го нападнаа заедно со суспендираниот играч (Дуда Санадзе) и полицијата. рече Онан и продолжи:

„На крајот од натпреварот 30 полицајци не туркаа и не провоцираа, бараа да се пресметаме со нив. Се тепавме со грузиската полиција. Ја повикувам ФИБА да реагира и сето тоа им го кажав на функционерите на ФИБА. Не се залажувајте дека сме глупи. Ќе ни ги донесат сите снимки од ходникот и нема да пропуштиме ни минута“.

Scroll to Top