Top Sport

Чичарито се изрезили, па им се извинуваше на навивачите

Мексиканецот Хавиер Хернандез познат како Чичарито се изрезили на натпреварот против Спротинг Канзас сити. Тимот на Чичарито, ЛА Галакси, одигра 2:2 против гоститет од Канзас.

Наместо да биде херој, Чичарито се претвори во трагичар, поради што им се извини на навивачите.

Мексиканецот ги постигна двата гола за својот тим, првиот во четвртата минута, а вториот од пенал во 88.минута.
Чичарито имаше можност да постигна хет-трик, ког Галакси добија уште еден пенал во 97.минута.

Во тој момент се изрезили како никогаш во кариерата. Се обиде со паненка да постигне гол, но противничкиот голман го прочита и му фати „жива топка“.

 

Scroll to Top