Италијанскиот шампион Јувентус го победи „Ол стар“ тимот составен од фудбалери од МЛС лигата, по изведувањето на пенали. Натпреварот во 90 минути заврши со резултат 1:1, а по изведувањето на пенали беше 5:3.
Тренер на „Ол стар“ тимот беше Џерардо Мартино од Атланта јунајтед, а на Јувентус им се спротивставија најголемите ѕвезди во лигата.
Од друга страна Масимилијано Алегри, предводникот на Јувентус, играше со комбиниран тим, бидејќи ова за неговата екипа беше само уште еден од контролните натпревари во пресрет на новата сезона.
Првиот гол на мечот беше постигнат во 21.минута кога Алесандро Фавили му донесе предност на Јувентус, а само пет минути подоцна резултатот го израмни Јозеф Мартинез.
Во пенал серијата кај Јувнетус погодија сите, додека на спротивната страна немаше гол само во четвртата серија.