Top Sport

Маратонски меч во пет сета – Алкараз го победи Чилиќ

Младиот Шпанец Карлос Алкараз не дозволи да ја доживее судбината на славниот сонародник Рафаел Надал кој испадна во осмина-финалето на Ју-ес опен. Алкараз, во драматичен меч, успеа да го победи ветеранот Марин Чилиќ во пет сета.

Алкараз два пати водеше, Чилиќ два пати се враќаше, имаше и брејк предност во решавачкиот сет, но не успеа да го победи Шпанецот.

Алкараз славеше со 6:4, 3:6, 6:4, 4:6, 6:3.

Шампионот на Ју-ес опен од 2014 година,Чилиќ, имаше 13 асови во однос на трите на Алкараз, а имаше 20 директни поени повеќе, но Хрватот имаше и значително повеќе грешки.

Направи дури 13 двојни сервис грешки, имаше 63 неизнудени грешки, а со нискиот процент на реализација на вториот сервис немаше многу простор за конечна победа.

Во четврт-финалето на Ју-ес опен, Алкараз ќе игра против Италијанецот Јаник Синер кој во четири сета го совлада Американецот Брендон Накашима.

Ова беше четврти дуел на Шпанецот и Хрватот и трета победа на Алкараз над Чилиќ, сите забележа оваа година.

 

Scroll to Top