Top Sport

„Борба за Британија“ – Фјури против Џошуа

Тајсон Фјури, актуелниот светски шампион во тешка категорија во верзијата ВБЦ, му понуди на Ентони Џошуа меч во кој тие ќе одлучат кој е најдобар во Велика Британија.

Иако неодамна се пензионираше, Фјури најверојатно ќе се бори со Украинецот Александар Усик за титулата апсолутен светски шампион. Сепак, Усик најави дека нема да се врати во рингот оваа година, па Фјури ќе бара нов ривал во подготовките за овој меч.

Првата личност на која и понудил борба е Ентони Џошуа.

„Знам дека ја загуби борбата од Усик и го немаш појасот во моментов“. Затоа сакам да ти дадам шанса да се бориш со мене за ВБЦ појасот. Тоа би било борба од 12 рунди. Ќе ти дадам неколку месеци да се подготвиш за да видиме кој е најдобар во Велика Британија. Доколку си заинтересиран одговори ми. Ако не си тогаш ќе барам друг ривал“.

Позитивен одговор од Џошуа пристигна многу брзо.

„Ако си сериозен, подготвен сум за борба во декември“, порачал Џошуа.

Сега останува на организаторите да ги прецизираат сите детали за овој меч, кој може да биде вистински спектакл.

Scroll to Top