Ѕвездата на Јувентус, Пол Погба преку видео на Инстаграм им се заблагодари на навивачите за поддршката по операцијата на коленото и истрагата околу уцената која наводно го вклучува и неговиот постар брат Матијас, порачувајќи дека ментално и физички е океј.
Французинот се обиде да избегне операција по повредата на менискусот во неговото колено, но по пет недели се реши на операција која може да го спречи да настапи на Светското првенство.
„Поздрав до сите, се надевам дека сте добро. Јас сум добро, благодарам на Господа, операцијата помина добро, ќе се опоравам и ќе се вратам бргу. Сакав да ви се заблагодарам за сите пораки, за поддршката и да ви порачам дека ментално сум добро и покрај сите грижи околу повредата и други проблеми. Не сум сам, тука сум со Господ. Ќе се вратам посилен“, вели Погба во порака на француски и италијански јазик.