Top Sport

Мареј ја мина и втората пречка во Вашингтон

Енди Мареј избори пласман во осмина-финалето на АТП турнирот во Вашингтон. Повратникот на тениските терени успеа, во второто коло, да го победи сонародникот Кајл Едмунд.

Мареј и Едмунд на теренот минаа два часа и 34 минути, а поранешниот број 1, кој сега се наоѓа на 832.место, успеа да го победи четвртиот носител во Вашингтон со 7:6, 1:6, 6:4.

Во првиот сет немаше брејк топки во првите 10 гема, потоа Мареј му го препушти својот сервис на противникот, меѓутоа Едминд не успеа во наредниот гем да го реши сетот. Мареј возврати со ри-брејк, а потоа во тај-брејкот поведе со 1:0.

Вториот сет мина во целосна доминација на Едмунд, кој на Мареј му препушти само еден гем. Во овој период Мареј успеа да спаси шест сет топки за израмнување.

Психолошката предност по добиениот втор сет Едмунд не успеа да ја искористи во третиот. Мареј во десеттиот гем направи брејк и со тоа го доби мечот.

Противник во осмина-финалето на Мареј ќе му биде Мариус Чопил кој го елиминира 14.носител Жереми Шарди.

Scroll to Top