Австралискиот тенисер Ник Кирјос тешко го поднесе поразот во четврт-финалето на Ју-ес опен. Карен Хачанов во пет сета го порази Кирјос. Австралиецот, во отсуство на најдобрите, според многумина по елиминациите на Медведев и Надал, беше прв фаворит за титулата.
„Искрено, не ми е гајле за другите турнири. На Грен слем турнирите не е важно дали играте добро или лошо, единствено е важно да победите. Се чувствувам како г…о. Чувствувам дека изневерив толку многу луѓе. Чувствувам дека овие четири турнири се најважни. Морам да го чекам до Австралија опен. Едноставно тоа е поразително, потресно. Не само за мене, туку за сите за кои знам дека сакаат да победам“, изјавил Кирјос..
Кирјос од понеделник ќе се најде во Топ 20 на АТП листата.