Top Sport

Атлетик: Челзи пред мечот со Динамо донеле одлука да го сменат Тухел

Томас Тухел доби отказ од Челзи по поразот од Динамо со 1-0 во првото коло од Лигата на шампионите. Поразот од аутсајдерот во Загреб не влијален врз одлуката на газадата на Челси да го смени тренерот, тврди новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн. Според него одлуката за смена на тренеорт во Челси била донесено од претходно.

Малку е чудно што Орнштајн пишува дека Челзи нема подготвена замена, што би било нормално кога веќе била донесена одлука за смена на тренерот.

Новинарот на „Атлетик“ додава дека лондонскиот клуб ќе се обиде да назначи нов тренер пред натпреварот во сабота против Фулам.
49. годишниот Германец Тухел пристигна во Челзи во јануари минатата година и изненадувачки ја освои Лигата на шампионите во првата сезона.

На 100 натпревари на клупата на Челзи оствари 60 победи, а поразот од Динамо на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите му беше 16. откако е во Лондон.

Пред Челзи ги водеше Мајнц, Борусија Дортмунд и ПСЖ. Минатата година УЕФА го избра за тренер на сезоната.

Греем Потер од Брајтон, односно Маурицио Покетино, Зинедин Зидан и Марсело Биелса кои се без работа се првите имиња кои се споменуваат како можни наследници на Тухел.

Scroll to Top