Тренерот на Барселона, Чави Ернандез вели дека веќе го прифатил фактот дека каталонскиот клуб уште не го „преболил“ заминувањето на Лионел Меси во Пари Сен-Жермен, иако помина повеќе од една година.
„Нема да го преболиме заминувањето на Меси бидејќи тој е најдобриот фудбалер во историјта. Меѓутоа, сега имаме некои други фудбалери кои се подготвени да напишат историја, но нема да биде лесно“, вели Чави.
Нема сомнеж дека минатата сезона Барселона се мачеше без Меси останувајќи без трофеј, меѓутоа ова лето клубот донесе седум нови фудбалери, вклучувајќи ги Роберт Левандовски, Жил Кунде и Рафиња во обид да се врати статусот на елитен европски клуб. Левандовски веќе има 8 гола во 5 меча, а вчера Барса со убедливи 5:1 го совлада чешкиот клуб Викторија Плзењ на стартот на Лигата на шампионите.