Возбудливите трансфери, успехот на теренот, но најмногу интересот на инвеститорите за можно преземање на клубот, значеа дека вредноста на Манчестер јунајтед порасна за над 450 милиони долари за само еден месец.
Акциите на клубот, кои се поставени на берзата во Њујорк се во постојан раст по падот на крајот на минатата сезона, кога не успеаја да влезат во Лигата на шампионите. По јасната желба на најбогатиот Англичанец, Сер Џим Ретклиф да го откупи клубот од американското семејство Глејзер, акциите на Јунајтед се на цена од 14.56 долари, или 28 отсто повисоко од 9 август, кога се продаваа за 11.39 долари.
„Се работи за зголемување на вредноста на клубот на пазарот. Дел од луѓето купуват акции по шпекулациите дека ќе се случи преземање на клубот. Останува да се види дали ова ќе влијае на подоцнежниот раст“, вели финансискиот експерт од Универзитетот од Ливерпул, Киеран Мегвајр.