Top Sport

Сосиедад го освои „Олд Трафорд“, Звезда загуби од Монако

Реал Сосиедад стигна до голема 0:1 победа на гостувањето кај Манчестер јунајтед во првото коло од Лига Европа, за да стави крај на победничката серија на тимот на Ерик Тен Хаг, Лацио го „здроби“ Феенорд со 4:2, додека Црвена звезда загуби дома со 0:1 од францускиот Монако.

Со Кристијано Роналдо како стартер, мечот на „Олд Трафорд“ започна со молк од 1 минута во чест на починатата англиска кралица Елизабета Втора, но во првото полувреме не видовме многу добар фудбал и се отиде на одмор без голови. Клучниот момент се случи во 57. минута, кога беше досуден пенал за Сосиедад откако по една реакција на Лисандро Мартинез, топката го удри во рака. Браис Мендез беше сигурен од белата точка, по што гостите успеаја да го заддржат водството до крајот на мечот.

Пенал беше одличувачки и на „Рајко Митиќ“, каде што Монко стигна до водство во 73. минута со голот на Брил Емболо. Лацио немаше вакви проблеми и стартуваше импресивно со 4:2 победа над минатогодишниот финалист од Конференциската лига, Феенорд. Луис Алберто, Фелипе Андерсон и Матијас Весино донесоа 3:0 водство за римскиот клуб по само 28. минути игра, пред Весино да зголеми на 4:0 во 63. минута. Феенорд успеа да врати со два гола на Сантијаго Хименез, но тоа не беше доволно за пресврт.

ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА Е
Манчестер јунајтед – Реал Сосиедад 0:1
Омонија – Шериф Тираспол 0:2
ГРУПА Ф
Лацио – Феенорд 4:2
Штурм Грац – Митјиланд 1:0
ГРУПА Г
Фрајбург – Карабаг 2:1
Нант – Олимпијакос 2:1
ГРУПА Х
Црвена звезда – Монако 0:1
Ференцварош – Трабзонспор 3:2

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА Б
Вест хем – ФЦСБ 3:1
ГРУПА Е
Вадуз – Аполон 0:0
Днипро-1 – АЗ Алкмар 0:1
ГРУПА Ф
Молде – Гент 0:0
Шамрок роверс – Ѓургарден 0:0
ГРУПА Г
Сиваспор – Славија Прага 1:1
ГРУПА Х
Базел – Пјуник 3:1
Слован Братислава – Жалгирис 0:0

Scroll to Top