Во финалето на годинешниот УС Опен во женска конкуренција ќе играат Ига Швјонтек и Онс Жабер. Најдобрата светска тенисерка Ига Швионтек во полуфиналето беше подобра од Белорусинката Арина Сабаленка со 2:1, по сетови 3:6, 6:1, 6:4, за два часа и 13 минути игра.
Швјонтек успеа да се врати откако го загуби првиот сет, брзо израмни, а мечот беше решен во возбудливиот трет сет.
Тунижанката Онс Жабер многу полесно стигна до мечот за титулата. Таа за само еден час и седум минути ја совлада Каролин Гарсија со 2:0 во сетови (6:1, 6:3).