Top Sport

Одложени сите спортски настани во Велика Британија поради смртта на Кралицата Елизабета

Поради смртта на Кралицата Елизабета за денес се одложени сите спортски настани во Велика Британија. 96-годишната кралица почина во четвртокот вечерта, а први се огласија организаторите на трките со коњи кои веднаш беа откажани. Потоа беше откажан и вториот ден на турнирот во голф шампионатот ПГА кој требаше да се одржи в недела.

Од англиските фудбалски лиги одложени се натпреварот од Чемпионшип меѓу Барнли и Норвич и натпреварот од Лига 2 меѓу Транмере и Стокпорт Каунти.

Одложувања има и во Шкотска, па одложен е дуелот меѓу Ков Ренџерс и Данди. Нема да се одржи и шестиот ден од велосипедската трка околу Британија.

Засега нема донесено одлука за натпреварите од Премиерлигата кои треба да се играат викендов.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');