Top Sport

Англиски фудбалер со скандалозен напад на покојната кралица: Во нејзино време царуваше расизмот

Додека луѓето ширум Oстровот и целиот свет и оддаваат почит, поранешниот англиски фудбалер Тревор Синклер крена голема прашина со својата објава на социјалните мрежи во која ја обвинува покојната кралица Елизабета Втора за расизам.

„Расизмот беше забранет во Англија во 60-тите години и беше дозволено да цвета, па зошто црните и кафеавите луѓе да тагуваат по неа“, напиша Синклер на Твитер.

Неговата објава брзо ја коментираше Сајмон Џордан, поранешниот сопственик на Кристал Палас, со кој често го дели студиото на „talkSport“.

„Трев, не сум сигурен дека тоа е соодветна мисла, а камоли твит. Земјата изгуби многу важна личност и почитта и вредностите треба да ги надминат личните чувства“, напиша Џордан.

Се огласи и друга колешка на Синклер, Џорџи Бингам.

„По ѓаволите Трев, зошто така мислиш!“, напиша Бингам.

„Треба да се срамите…немам други зборови што одговараат“, напиша Кели Сотертон, поранешна седмобојка и освојувачка на три олимписки бронзени медали.

По повод објавата на Синклер, и „talkSport“ излезе со официјално соопштение во кое се наведува дека не го делат мислењето на нивниот вработен и дека целиот случај е под истрага.

Инаку, Синклер е поранешен играч на Блекпул, КПР, Вест Хем и Манчестер Сити кој забележа 12 настапи за англиската репрезентација.

Scroll to Top