По веста за смртта на Кралицата Елизабета, неколку спортски организации и турнири ги откажаа своите настани за да оддадат почит. За денеска се откажани сите натпревари низ Англија, но тоа многу веројатно нема да биде случај за сабота и недела, во текот на викендот.
Британската влада им соопштила на фудбалските лиги дека натпреварите може да продолжат овој викенд, но ја оставила одлуката во рацете на раководните тела. Конечната одлука ќе ја донесат челниците на лигите, но се верува дека и тие ќе се договорат за продолжување на натпреварувањето.
Ако се одложи колото, тоа ќе донесе нови големи проблеми, со оглед дека распоредот е максимално згуснат, поради Светското првенство во Катар.