Традиционално секоја година на 8 септември во Маврово се одржува Halk Velo Green трката на која овој пат настапија преку 100 натпреварувачи.
Во трката на хронометар на 22 километри во конкуренција на професионалци кај мажите триумфираше Димитар Јовановски додека кај дамите најдобра беше Елена Петрова.
Во конкуренцијата хоби најбрза во женска конкуренција е Лидија Мано Илиев додека во машка првото место му припадна на Роберт Додевски.
Учесниците преку плаќање котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 денари, наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.
Како што информираат од Халкбанк, овие средства од котизациите од пријавите за учество во трката, ќе бидат искористени за засадување на нови зелени површини на локации низ државата кои ќе бидат дефинирани во соработка со Македонски шуми.
Со финансиските средства кои беа собрани од ланското учество се набавија 8 000 дрвја, со што беше направено пошумување во Свети Николе.
Фото: Игор Паневски