Top Sport

Се повреди Кингсли Коман

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман, се здобил со непријатна повреда на тренинг. Тој сигурно ќе го пропушти претстојниот натпревар против Штутгарт, а тренерот Јулијан Нагелсман стравува дека паузата може да биде и многу поголема.

Коман веднаш заминал на детални лекарски прегледи.

„Кингсли Коман се повреди на тренинг и работите не изгледаат добро. Се надевам дека е само силен удар, а не посериозно истегнување. Џошуа Кимих се чувствува добро“, изјави тренерот на прес-конференцијата во пресрет на саботниот натпревар против Штутгарт.

Коман беше стартер на последните четири натпревари на Баерн Минхен во сите натпреварувања.

Scroll to Top