Кошаркарската репрезентација на Словенија е вториот четвртфиналист на Евробаскет, откако славеа против Белгија со 88:72. Лука Дончиќ го предводеше својот тим до успех со 35 постигнати поени.
Слоценците имаа предност во најголемиот тек од натпреварот. По првиот период обезбедија пет поени предност, а на полувремето со три разлика (44:41). Сепак, во последниот период Лука Дончиќ ја покажа својата класа, а Белгијците немаа решение за него.
Ману Лекомте со 16 поени беше најефикасен во составот на Белгија.