Наполи со многу мака успеа да ја совлада Специја на домашен терен со 1:0, а стрелец на победничкиот гол беше Џакомо Распадори во 89.минута. Тимот на Лучијано Спалети по овој триумф се искачи на врвот на Серија со 14 освоени бода.
Елиф Елмас беше стартер и играше до 75.минута, кога на негово место во игра влезе Гаетано.