Лука Модриќ не оди никаде, тврди претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој вели дека има само еден начин на кој освојувачот на златната топка од СП во Русија ќе замине од „Сантијаго Бернабеу“ – ако некој ја плати откупната клаузула од неверојатни 750 милиони евра.
По веста на „Газета дело спорт“ дека сопругата на Хрватот се обидува да обезбеди трансфер во Интер, од Реал посочуваат дека случајот со 33-годишниот Модриќ е целосно различен од тој на Кристијано Роналдо, кој замина во Јувентус за 100 милиони евра. Модриќ го обнови својот договор со „Лос бланкос“ во ноември 2016 и е играч на Реал до 30 јуни 2020 година.
„Единствената можност за Модриќ да замине, е некој да плати 750 милиони евра“, одговори кратко Перез на шпекулациите.