Top Sport

Барса откако го „украде“ Малком, ќе го „грабне“ и Видал пред носот на Интер?

Барселона очигледно има намера да им ги „украде“ сите засилувања на италијанските клубови. Откако успеа да го добие Малком кој веќе се договори со Рома, сега шпекулациите велат дека и Артуро Видал, наместо очекуваниот потпис со Интер, ќе пристигне на „Ноу камп“ во изненадувачки договор.

Баерн го постави чилеанскиот играч од средниот ред на пазарот, но сакаше да ги врати 31 милиони фунти кои ги плати за Видал, и каталонскиот весник „Спорт“ вели дека Барселона успеала да го „грабне“ пред заинтересираните Интер, откако неговиот деветгодишен син Алонсито на социјалните мрежи напиша дека неговиот татко се размислува меѓу „нераѕурите“ и „блауграна“.

Според „Спорт“, договорот е склучен уште минатата недела, а трансферот би можел да биде официјализиран овој викенд. Видал би бил четврто засилување за Барселона ова лето, по бразилската двојка Артур и Малком и францускиот дефанзивец Клемен Ленгле. Барса наводно уште преговара со ПСЖ околу услугите на 23-годишниот Адриен Рабио.

 

Scroll to Top