Италијанскиот првак Милан речиси цело полувреме играше со фудбалер помалку, но успеа да слави на гости против Сампдорија со 1:2. Рафаел Леао доби црвен картон на почетокот на второто полувреме, кога веќе имаше предност со голот на Жуниор Месијас во шестата минута.
Сампдорија го искористи исклучувањето на Леао и израмни преку Филип Ѓуричиќ во 57.минута, но Оливие Жиру не дозволи Милан да испушти бодови на ова гостување. Десет минути подоцна реализираше пенал за триумф на „росонерите“.