Хелмут Марко, советникот на Ред бул и десна рака на газдата на австрискиот гигант, Дитрих Матешиц, вели дека светскиот шампион Макс Ферстапен може „побргу од очекуваното“ да се повлече од Формула 1 иако има само 24 години.
Холанѓанецот ја освои својата прва титула во декември минатата година и е на добар пат до одбрана на круната, бидејќи има 109 поени предност пред Шарл Леклер во Ферари пред денешното Италијанско ГП. Ако успее во тоа, тој ќе стане најмладиот двократен светски шампион и Марко смета дека тој наскоро би можел да се прости од спортот откако ја остварил својат цел.
„Сакаме да освојуваме повеќе титули заедно, но се сомневам дека Макс ќе вози за да ги сруши сите рекорди. Можеби ќе го направи тоа, но тој е тип на човек кој ќе ги спакува работите и ќе си оди ако веќе не задоволен. Без разлика колку пари ќе му понудите, нема да остане. А, тоа може да се случи многу побргу од очекувањата.