Top Sport

Хакими: Не е проблем ако Лео Меси не ми додава

Ашраф Хакими признава дека не е во позиција да се сомнева во одлуките кои ги прави Лионел Меси на фудбалскиот терен, по критиките дека во Пари Сен-Жермен нема вистинска тимска игра. Иако во интервјуата, фудбалерите го демантираат тоа, француските медиуми постојано зборуваат за недостатокот на сплотеност меѓу ѕвездите.

„Кога јас ќе истрчам, а Лео нема да ми ја подаде топката, тоа е бидејќи видел друг фудбалер во подобра позиција. Тоа не е проблем. Така вечерва додаде до Нејмар и ги освоивме трите поени“, вели Хакими.

Додавањето кое го споменува Хакими е тоа кое донесе 1:0 победа на Брест, кога меси му асистираше на Нејмар за продолжување на победничката серија во француската Лига 1.

Изјавата на Хакими доаѓа откако се појави снимка од претходен меч на ПСЖ оваа сезона, во кој Мбапе во ходниците пред стартот на мечот го критикува Хакими дека не му додава, велејќи дека му е потребна „добра топка“.

Scroll to Top