Хавиер Ернандез Чичарито промаши втор пенал во низа за неговите Лос Анџелес галакси да одиграат само 1:1 реми со Спортинг Канзас Сити, намалувајќи си ги шансите за пласман во плејофот во МЛС лигата.
Во претходниот меч против Спортинг КЦ, Чичарито го имаше еден од најлошите обиди за гол со паненка од белата точка во финишот на натпреварот. Овојпат, тој не се обиде да прави вакви трикови, но голманот Џо Вилис му ја фати топката. Галакси успеаја да стигнат до реми, откако во финишот на мечот беше досуден уште еден пенал, но овојпат на белата точка дојде поранешниот фудбалер на Барселона, Рики Пуиг, кој не згреши за 1:1. Интересно, ова е неверојатен деветти утнат пенал на Чичарито за Галакси откако се приклучи на тимот во 2020.
Ова е трето последователно реми за Галакси, со кое се на осмото место на Западната конференција, три поени зад место кое води во плејофот на пет меча пред крајот на регуларната сезона.
⛔️ NOT IN @JoeWillis23'S HOUSE ⛔️ pic.twitter.com/RBrwUmoQ2D
— Nashville SC (@NashvilleSC) September 10, 2022
Riqui Puig strzela karnego w 90+9’ na wagę remisu.
Poprzednie dwie jedenastki dla LA Galaxy strzelał Chicharito i obie były nietrafione. pic.twitter.com/SCykWlq3oo
— Dawid L. (@dawid_lampa) September 11, 2022
ПРЕТХОДНИОТ УЖАСЕН ОБИД НА ЧИЧАРИТО!
Oh no Chicharito, a woeful panenka attempt ? pic.twitter.com/oPKZALP5qF
— 101 Great Goals (@101greatgoals) September 5, 2022