Top Sport

Фелипе Другович стана Ф2 шампион, но иднината во Формула 1 не му е сигурна

Фелипе Другович вчера ја освои Формула 2 титулата на три трки пред крајот на сезоната, но тоа не значи декa 22-годишниот Бразилец наскоро ќе го видиме во Формула 1, бидејќи е многу тешко да се направи големиот скок.

Возачот на „МП моторспорт“ се откажа од спринтерската трка во која победи Естонецот Јури Випс, за да стане прв бразилски шампион на „втората лига“ во Формула системот по Бруно Жунквеира во 2000 година. Жунквеира никогаш не се тркаше во Формула 1, а Другович признава дека по третата Ф2 сезона изгледите за Ф1 се многу слаби.

„Има малку слободени местаа во Формула 1 и секогаш е тешко да се направи тој чекор. Постојано се обидуваме, а ако не успее, тогаш ќе се задоволам и со резервно место“, вели Другович.

Формула 2 шампионатот првично беше формиран во 2005 како ГП2 серија. Четвртиот шампион во серијата, Џорџо Пантано не успеа да влезе во Ф1, исто како и Давиде Валески и Фабио Лермер, додека Џолион Палмер имаше една сезона во Ф1. Само двајца ГП2/Ф1 шампиони, Нико Розберг и Луис Хамилтон станаа шампиони во Ф1, а само пет вкупно стигнаа до победи, од кои Пјер Гасли и Пастор Малдонадо со по една победа.

Ф2 шампионот од 2019 година, Ник де Фрајс, денеска ќе дебитира во Ф1 на Италијанското ГП, откако возачот на Вилијамс, Алекс Албон беше оневозможен поради операција на слепото црево.

Scroll to Top