Top Sport

Атлетико не се загрижени од заканата со тужба од Барса за „случајот Гризман“

Атлетико Мадрид, очигледно не се загрижени од „војната“ која им се заканува од Барселона за случајот на Антоан Гризман, откако претседателот на клубот Енрике Серезо вели дека не добиле тужба од никого.

31-годишниот Французин се врати во Атлетико како позајмен фудбалер на Барселона со обврска за купување за 40 милиони евра, но проблемите се појавуваат околу клаузулите кои овој трансфер би го направиле постојан. Според Барселона, ако Гризман игра 45 минути или повеќе во 50 отсто од мечевите во кои е достапенво првата сезона се доволни да се активира клаузулата, сметајќи го Гризман за фудбалер на Атлетико. Но, од мадридскиот клуб инсистираат дека клаузулата се активира ако тој игра 45 минути во 50 отсто од мечевите во двете сезони на позајмица, по што тренерот Диего Симеоне редовно го поставува во игра, но само по 60-тата минута.

Шпанските медиуми објавија дека Барса планира да го тужи Атлетико, но Серезо, по саботниот меч со Селта Виго, каде што Гризман повторно влезе по 60-тата минута, не беше вознемирен.

„Не знам, до нас не стигнало ништо. Не знаеме дали не тужат. Чија интерперетација е вистинска? Не знам, во овој живот сите работи се можни“, изјави Серезо за „Спорт“.

Ако не се реши ситуацијата, Гризман ќе се врати во Барса на крајот на сезоната, а бидејќи е под договор до 2024, неговата висока плата ќе биде нова голема пречка за каталонскиот клуб.

Scroll to Top