Top Sport

Руи Коста: За Бенфика беше невозможно да одбиеме 100 милиони евра за Нуњез

Ливерпул создале невозможна ситуација за Бенфика да го заддржи напаѓачот Дарвин Нуњез поради планот од 100 милиони евра, признава претседателот на португалскиот клуб, Руи Коста.

Бенфика не беше расположена да го продаде 23-годишниот уругвајски напаѓач, но откако премиерлигашите се појавија со план кој може да ги чини над 100 милиони евра, клубот немал друг избор.

„Зборуваме за еден од најголемите трансфери на пазарот. Излегуваме од ситуација со пандемијата, која пречеше на пазарот, така што зделка од 75+25 милиони евра не беше за дискусија. Затоа продажбата на Дарвин е оправдана. Немаше услови да го заддржиме, тоа беше целосно невозможно поради вредноста која дојде во клубот и заработувачката која ја направи Дарвин“, признава Руи Коста.

Scroll to Top