Top Sport

Тоти се отвори за разводот со Илари Блази – Го погледнав телефонов и видов порака: Се гледаме во хотелот

Легендата на Рома, Франческо Тоти првпат јавно проговори за својот развод со Илари Блази и новата романса со Ноеми Боки, инсистирајќи дека тој не бил првиот кој бил неверен во бракот.

„Не е вистина дека јас прв мамев. Велев дека нема да зборувам и не зборував, но прочитав многу лажни вести во последните неколку недели. Дел од тие лажни вести ги натераа да страдаат и моите деца. Вистинската криза се случи помеѓу март и април минатата година, но страдав долго време. Поминав низ тежок период, престанав со фудбалот, го загубив мојот татко од КОВИД и кога ми беше најпотребно, мојт сопруга не беше тука“, вели Тоти во интервју за „Кориере дела сера“.

Тој вели дека и самиот е виновен за разводот, и инсистира дека со сегашната партнерка Боки се сретнал по неверството на Блази.

„Кога ќе се крши, се крши на половина – 50 и 50. Требаше д бидам повеќе со неа. Во септември минатата година почнаа да стигнуваат шпекулации до мене дека Илари има некој друг. И тоа повеќе од еден. Никогаш не го направив тоа во 20 години, но кога некои луѓе на кои им верувам ме предупредија станав сомничав. Го погледнав нејзиниот телефон и видов дека има трета личност, која работеше како посредник меѓу Илари и друга личност. Нешто како: Се гледаме во хотелот. Имаше многу шпекулации во минатото за нас, но тоа беа навистина шпекулации. Тука беше доказот. Фактите. И тоа ме турна во депресија. Не можев да спијам. Се преправав дека работите се во ред, но тоа веќе не бев јас. Излегов од таа ситуација само поради Наоми“, објаснува Тоти.

Scroll to Top