Top Sport

Бонучи: Бевме ограбени! Салернитана тврдат дека не им досудиле „чист“ пенал!

Како што и се очекуваше, вчерашниот меч помеѓу Јувентус и Салернитана е главна тема на разговор во Италија, откако „бјанконерите“ инсистираат дека се ограбени од одлуката да се поништи голот во финишот на мечот, додека од Салернитана порачуваат дека резултатите на теренот мора да се почитуваат.

Во еден од најконтроверзните мечеви оваааа сезона, „старата дама“ се врати од 0:2 негатива за да постигне гол преку Аркадијуш Милик во судиското надополнување, но тој беше поништен поради сомнителен офсајд на Леонардо Бонучи. Подоцна, снимките и фотографиите покажуваат дека поради позицијата на Антонио Кандрева, Бонучи не е во офсајд и навивачите на Јуве веќе бараат преигрување на мечот.

Од Салернитана одговорија преку нивниот адвокат, Франческо Фимано.

„Резултатите на теренот мора да се прифатат. Вчера бевме сведоци на големо шоу, без разлика за кого навивате. Тоа беше одличен фудбалски меч. Сега, гледадме кон иднината. Дали би играле повторно против Јуве? Ја сакам Салернитана толку многу што би го прифатил тоа. Не е во наш стил да коментираме за ситуации како таа на Кандрева. Дури би кажал дека и ние заслуживме пенал на почетокот н првото полувреме, но со тоа би го нагрдил овој прекрасен спорт“, изјави дипломатски Фимано.

Капитенот на Јуве, Бонучи, не се помирува со резулатот и преку Инстаграм прати јавна порака.

„Мораме да ја трансформираме лутината од тоа што бевме ограбени за енергија во среда. Ќе биде тешко и потребна ни е помошта на навивачите“, напиша Бонучи, посочувајќи на мечот од второто коло во Лигата на шампиони против Бенфика.

Бура во Италија: Дали ВАР му „украде“ победа на Јувентус против Салернитана?

Scroll to Top