Top Sport

Хазбула потпиша петгодишен договор со УФЦ?

Хазбула Магомедов, малиот руски фајтер кој стана сензација преку социјалните мрежи, потпиша богат петгодишен договор со УФЦ по провокациите кои ги доби од легендарниот Конор Мекгрегор.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт првпат се сретна со Хазбула минатата година на УФЦ 267 во Абу Даби, каде што беше гостин на Ислам Махачев, кој тогаш го совлада Ден Хукер. 19-годишниот Хазбула потоа влезе во дуел со својот стар ривал Абду Розик, што предизвика огромно внимание кај УФЦ фановите. По ова, тој влезе во онлајн расправија со Конор Мекгрегор (што искрено не е многу тешко) и го предизвика на меч.

„Сега имам УФЦ договор. Ако Конор Мекгрегор е навистина маж, ќе се видиме во Абу Даби. Веќе беше смачкан од Хабиб. Изгледа неговите пари од мечот со Мејведер се потрошија и му е потребно внимание“, напиша тогаш Хазбула.

Хазбула има над 3 милиони следбеници на социјалните мрежи, и се верува дека ќе биде задолжен за промоција на спортот, и во исто време ќе биде вклучен во официјалната видео-игра на УФЦ.

Scroll to Top