По контроверзниот натпревар помеѓу Јувентус и Салернитана на кој ВАР им поништи гол на Јувентус во финишот на натпреварот, претседателот на Салернитана, Данило Јерволино понуди решение.
Имено, Јерволино предложил тимовите да одиграат нов натпревар.
„Доколку „бјанконерите“ сакаат да се повтори натпреварот, ние немаме проблем со тоа“, изјави Јерволино за италијанските медиуми.
Салернитана освои бод (2:2), на тешкото гостување кај Јувентус. Прашање е дали изјавата на Јерволино е вистински фер-плеј или само сака дополнително да стави „масло на огинот“.