Националната кошаркарска асоцијација (НБА) го суспендираше сопственикот на машката и женската екипа на Феникс, Роберт Сарвер на една година поради „злоупотреба на работното место и организациски недостатоци“. Исто така тој доби и парчна казна од 10 милиони долари.
Пред речиси една година, НБА побара од адвокатите да ги истражат наводите дека Сарвер дал низа расистички и непријателски коментари во минатото.
Наводите првпат ги објави ESPN, кој разговараше со десетици сегашни и поранешни вработени во клубот, вклучително и некои кои детално го опишале недоличното однесување на Сарвер. Тој првично ги негираше и ги оспори повеќето наводи преку неговиот правен тим.
Сарвер (60) нема да може да биде во ниту една НБА или ВНБА тимска соба, вклучувајќи ги канцелариите, арената или просторот за вежбање. Тој, исто така, нема да може да присуствува на ниту еден настан од НБА или ВНБА.
Сервер за 404 милиони долари стана газда на Феникс во 2004 година. Вредноста на франшизата сега изнесува 1,8 милијарди долари.