Top Sport

Дуелот со ПСВ го одложи дербито Арсенал-Манчестер сити

Дуелот помеѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен во Лигата на Европа, кој требаше да се одигра утре е одложен за 20. октомври. УЕФА потврди дека натпреварот е одложен.

Одлуката ќе предизвика и нови поместувања во распоредот на Премиер лигата, кој веќе беше нарушен поради одложувањето на колото минатата недела поради смртта на кралицата Елизабета.

На 19. октомври Арсенал требаше да одигра натпревар против Манчестер сити, но сега тој натпревар е одложен и се уште не се знае кога ќе се одигра.

Премиер лигата продолжува во петок, а веќе е најавено одложување на три натпревари од осмото коло: Брајтон – Кристал Палас, Манчестер јунајтед – Лидс и Челзи – Ливерпул.

Scroll to Top