Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил повторно предупреди дека американските газди во англиските клубови се „јасна опасност“ за спортот, бидејќи не го разбираат спортот и начинот на кој се игра фудбалот во Англија.
47-годишниот Невил честопати беше остар критичар на газдите на Јунајтед, семејството Глејзери, кои наводно „извлекле“ над милијарда фуднти од клубот по преземањето во 2005 година, а го критикуваше и Тод Бели, кој со компанијата „Клирлејк капитал“ го купи Челси од Роман Абрамович. Бели неодамна пак, изјави дека Премиерлигата „може да научи од американските спортови“, со предлог за „Ол стар“ натпревар меѓу тимовите од северот и југот на Англија. Ова веќе беше критикувано од менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој ги спомена Харлем глобтротерс, а Невил беше поостар.
„Постојано кажувам, но колку побргу регулаторите сфатат ќе биде подобро. Американските инвестиции во англискиот фудбал се јасна опасност за фудблската пирамида и основите на играта. Тие едноставно не разбираат и размислуваат поинаку. И нема да сопрат додека не го добијат тоа што го сакаат“, напиша Невил на Твитер.
I keep saying it but the quicker we get the Regulator in the better. US investment into English football is a clear and present danger to the pyramid and fabric of the game. They just don’t get it and think differently. They also don’t stop till they get what they want! ?
— Gary Neville (@GNev2) September 14, 2022