Top Sport

Мејведер пак во ринг со јутјубер – следниот противник е Деџи!

Боксерската легенда Флојд Мејведер Јуниор не планира да се откаже од богатите егзибициски мечеви, откако се договори со британскиот Јутјубер Деџи Олатунџи за меч во Дубаи во ноември.

По пензионирањето од боксот по победата над Конор Мекгрегор во 2017 година со совршен 50-0 скор, Мејведер имаше низа на егзибициски мечеви против Теншин Насукава, јутјуберот Логан Пол и поранешниот спаринг-партнер Дон Мур, заработувајќи милиони долари. На 24 септември, тој ќе се врати во Јапонија, каде што во Саитама ќе боксува со Микуру Асакура, а веќе има закажано и меч на 13 ноември во „Кока-Кола арената“ во Дубаи со Деџи.

Популарниот Деџи, кој е брат на уште попопуларниот јутјубер КСИ, ги загуби своите први три боксерси мечеви – од Џејк Пол, манекенот Вини Хакер и јутјуберот Алекс Васаби. Но, минатиот месец, тој стигна до првата победа над Јусеф Фуси Еракат.

Scroll to Top